Се гради нов тротоар до населбата Превалец
Овие денови во тек се градежните активности за изградба на тротоар за пешачко
поврзување на населбата Тунел со населбата Превалец. Станува збор јавна
површина која досега не беше уредена, а жителите ја користеа во секојдневната
комуникација со градот. Со нејзиното уредување и изградба на тротоар значително
ќе се зголеми сигурноста во двжиењето на печашците и одвивањето на
сообраќајот на оваа локација.
Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој
знаедно со претседателот на Урбаната заедница „Мирка Гинова” и останатите
жители, изразија задоволство од динамиката и квалитетот на изведување на
досегашните активности.
„Реалиацијата на овој значаен проект е дел од мојата изборна програма и од
програмата за работа на општината за 2014 година, во однос на уредувањето на
градежно земјиште. Со тоа на граѓаните кои живеат во овој дел од градот конечно
ќе им се овозможи безбедно одвивање на пешачкиот сообраќај помеѓу двете
населби. Во наредниот период ќе го зајакнеме и осветлувањето во овој дел од
градот. И во наредниот период ќе продолжиме континуирано да работиме на
подобрување на условите за живот на сите граѓани на Велес.“ – истакна
градоначалникот Чадиев.
Должината на тротоарот кој се гради со бекатонски елементи е 650 метри а
неговата ширина изнесува 1.5 метри. Средствата во висина од околу 1.800.000
денари ќе се озбебедат од Буџетот на Општина Велес за 2014 година.