Градоначалникиот присуствуваше на Бајрамската молитва

По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев ги посети жителите од селото Бузалково. На средбата, им упати честитка на сите граѓани на Општина Велес од исламската вероисповед со желба за успех и благосостојба во сите сфери од животот. Воедно, изрази задоволство од соживотот на граѓаните на Општина Велес без оглед на нивната верска припадност, како и за уште поуспешна соработка.