Започна реконструкција на автопатот Скопје - Велес
Почна реконструкцијата и рехабилитацијата на делницата Велес-Катланово во должина од 23,5 километри, инвестиција вредна 5,7 милиони евра. На отпочнувањето на работите на делницата се обрати премиерот Никола Груевски кој истакна дека оваа делница е една од најупотребуваните и најфреквентните во земјата и претставува исполнување на ветувањата дадени на изборите. Самиот зафат ќе овозможи зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на оштетувањата на возилата, намалување на времето на патување, а тоа ќе престставува и плус за Коридорот 10 кој поминува низ нашата земја.
Осумдесет и пет отсто од средствата за реконструкција на делницата Велес - Катланово во должина од 23,5 километри и вредност од близу 5,7 милиони евра се обезбедени преку грант од ИПА компонентата за регионален развој, а 15 проценти се одвоени од Буџетот на државата.
Предвидениот рок, согласно договорот за изведување на градежните работи со фирмата „Трабак“, изнесува 365 дена.
Претходно во 2012 година заврши целосната реконструкција на патниот правец од Катланово кон Велес.