Концерт на Ансамблот на Пеце Атанасовски

Со звукот на чалгијата и старата македонска изворна песна, членовите на Ансамблот на Пеце Атанасовски синоќа се претставија пред велешани, Канон, кларинет, гајда, кавал – се карактеристичните инструменти што надополнети со два прекрасни вокала беа вистинско освежување во овие летни горештини. Концертот се одржа во рамките на проектот Топол културен бран. Првата етапа од овој проект на Општина Велес и Министерството за култура завршува утре со концертот „Македонска душа“ на маестро Џорлев и неговиот квартет.