Фондација „Коле Неделковски“
Доделени стипендиите за учебната 2006/2007 година
Во свечена атмосфера, во електронската сала на Општина Велес, на 23 декември годинава, беа доделени стипендиите на фондацијата „Коле Неделковски“ за учебната 2006/2007 година. За првпат годинава во работата на фондацијата се вклучи и бизнис секторот преку ДПТУ „Брако“ кое додели стипендија за студент. Стипендиите ги врачија Аце Коцевски градоначалник на Општина Велес, Панче Иванов претседател на Управниот Одбор на Фондацијата „Коле Неделковски“ и Орце Давчев, член на Бордот на директори на ДПТУ „Брако“.
Стипендија за талентирани ученици беше доделена на:
Стипендија за талентирани студенти беше доделена на:
-Мите Мијалков, ученик во III година во ПСУ „Јахја Кемал“ –Скопје
-Сашо Крстевски, ученик во IV година во ССОУ „Коле Неделковски“-Велес и
-Игор Јаневски, ученик во во IV година во ОСУ „Јовче Тесличков“
Стипендија за талентирани студенти беше доделена на:
-Ѓорги Маџаров- студент на 9-ти семестар на Електротехничкиот Факултет-Скопје
-Десанка Штерјовска, студент на 7-ми семестар на Економскиот Факултет-Скопје
-Ангел Станоев, студент на 3-ти семестар на Електротехничкиот факултет-Скопје.
Стипендијата од ДПТУ „Брако“ му беше доделена на Бошко Велковски, студент на 5-ти семестар на Економскиот Факултет-Скопје.
Градоначалникот Коцевски, Иванов и Давчев изразија задоволство и гордост што Велес има толку големи интелектуални потенцијали помеѓу младата генерација и им посакаа многу успеси во животот. Давчев како претставник на бизнис секторот на добитниците на стипендиите им укажа дека во Македонија има услови да ги развиваат своите капацитети и дека иднината не треба да ја гледаат во странство.