Прием на претставниците од исламската вероисповед

Денес Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев организираше прием за претставниците од исламската вероисповед. Покрај членовите на Советот на Општина Велес Бесим Ахмедов и Митаад Маслак, на приемот присуствуваше и муфтијата Адем Чоревски, како и членовите на Џамискиот одбор од Велес, претставници на граѓански организации и месни заедници.

 

„Рамазан Бајрам е најголемиот и најзначајниот празник во исламската вера, празник на мирот и меѓусебното разбирање, празник на кој луѓето се свртуваат едни кон други за да си подадат рака и да си помогнат.

Јас лично многу се радувам и почестен сум секогаш кога се наоѓам на обележување на некој културен настан или празник што е организиран од граѓаните од исламска вероисповед затоа што имам можност да ги запознаам одблизу обичаите, традицијата, културата на живеење кои во суштина и не се разликуваат многу од христијанските“ – рече Градоначалникот Чадиев. Честитајќи им го празникот тој истакна дека е почестен што има можност и понатаму да соработува со сите за заеднички да ги решаваат проблеми со кои се среќаваат граѓаните.

Муфтијата Адем Чоревски се заблагодари за вниманието на Градоначалникот и Советот на Општина Велес. Истакнувајќи го значењето на овој свет ден посака и понатаму во Општина Велес да има пријател за идни заеднички делувања во сите сфери на животот на граѓаните од исламската вероисповед.