Коњаницата на Илинденскиот марш помина низ Велес
Велес е дел од маршута на Илинденскиот марш што Организациониот одбор на оваа несекојдневна манифестација во чест на најголемиот македонски празник Илинден го реализира по 36-ти пат. На својот пат за легендарното Крушево коњаниците се поклонија пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот и заедно со делегација од Општина Велес предводена од Градоначалникот Славчо Чадиев положија цвеќе.
Велешани горди на своето минато им посакаа добредојде со оро, песна и во духот на традицијата со леб и сол. Рано утинава коњаниците го продолжија патот преку Извор и Прилеп до Крушево каде активно ќе се вклучат во обележувањето на 111 годишнината од Илинденското востание.