„Од сон до сонце“ во Велес пристигна велосипедскиот караван
Денес во 12:30 часот во центарот на Велес пристигнаа учесниците на велосипедскиот караван организиран по повор 11 1години Илинден и 70 години АСНОМ.
Една од дестинациите на караванот на патот долг 350 километри од Крушево до Пелинце беше Велес. 16 репрезентативци во велосипедизам и членови на велосипедските клубови беа пречекани од Градоначалникот на Општина Велес м-р Славчо Чадиев, претседателот на Советот на Општина Велес Александар Колев, директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасов и секретарот на Велосипедската федерација на Македонија Сашо Ванчевски.
Караванот е дел од националната програма за обележување на Илинден поддржана од Владата на Република Македонија, а во организација на Агенцијата за спорт и млади на РМ и Велосипедската федерација.
Градоначалникот изрази задоволство од податокот што најголемиот дел од учесниците се членови на велешките велосипедски клубови и во едно врвни велосипедистио членови на Македонската велосипедска репрезентација.
Симболиката што младите ги поврзиуваат клучните историски точки – Крушево и Пелинце е показател дека Македонија го одбрала вистинскиот начин да ја чува историјата и придобивките од неа, но и да гради иднина на цврсти темели, со здрава младина.