Културно лето на Македонците во Пустец - Албанија

Во организација на Здружението на Македонци по потекло од Албанија „Сонце“, во периодот од 2-5 август 2014 година во Пустец, Република Албанија се одржа VII-то Македонско културно лето. И овој пат со поддршка на Министерството за култура, Општина Велес и уште неколку општини од Република Македонија, на нашите сонародници во четири вечери им беа презентирани врвни културни достигнувања од уметниците на македонските културни институции.

 

Во рамките на Македонското културно лето средба остварија и градоначалниците на Општина Велес и Општина Пустец, м-р Славчо Чадиев и г-дин Едмонд Телелко. Во знак на поддршка и промоција на македонскиот културен идентитет, г-динот Едмонд Сотир на велешкиот градоначалник му врачи Признание.