Исцрпени резервите на нафта во училиштата
Резервите на нафта во велешките училишта се при крај. „Пролонгирањето на набавката на гориво се должи на некоректниот однос на Комисијата за јавни набавки при Владата на Република Македонија“, изјави на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. Тој ги извести новинарите дека откако споменатата комисија по втор пат и без никакво образложение ја вратила тендерската постапка на повторно разгледување, упатил писмо до премиерот Никола Груевски и министрите за финансии и образование во кој ги известува дека доколку ситуацијата не се реши во најкраток можен рок, општината нема да ја преземе одговорноста за недостигот на греење во училиштата.