ВЕЛЕШКИОТ ПЛАНИНАР ТОДОРЧЕ ЃОРЃИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ЕЛБУРС ВО РУСИЈА
Велешкиот планинар Тодорче Ѓорѓиев во својата богата ризница успеси го додаде и врвот Елбрус во Русија, кој со 5.642 метри е највисок врв во Европа. На оваа височина велешанецот Ѓорѓиев гордо ги развиори Македонското и знамето на Општина Велес.
Општина Велес и градоначалникот Славчо Чадиев на нашиот сограѓанин му го честитаат големиот успех што е постигнат совладувајќи ги најголемите европски височини.
Локалната самоуправа и во понатамошниот период ќе продолжи со давањето поддршка на сите млади луѓе, на сите ентузијасти, научници и спортисти што имаат потенцијал и амбиции да бидат најдобри. Нивната промоција во светот во исто време е и промоција на Велес и Македонија.