Кандидатите кои ја посетуваа модуларната обука „Изработувач на браварски производи” ги докажаа стекнатите знаења и вештини

Во текот на вчерашниот ден во ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес беше извршена проверка на знаењата и вештините на кандидатите кои ја посетуваа модуларната обука „Изработувач на браварски производи“. Кандидатите пред тричлена комисија и претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија практично ги покажаа знењата кои ги стекнаа во својата четиримесечна обука.

 

ССОУ „Коле Неделковски“ e единственото училиште од општината кое веќе две години активно учествува во програмите и мерките кои се во согласност со оперативниот план на Владата на Република Македонија за намалување на невработеноста. Минатата година шест кандидати кои ја посетуваа модуларната обука за „Изработувач на браварски производи“ се вработија кај социјалниот партнер „БРАКО“.

Во изминатите 3 месеци теоретска и практична настава во училиштето и 1 месец работа во реални услови кај работодавачи, кандидатите се оспособија за изработка на најразлични видови на браварски производи. Во овој период тие примаа и финансиска надокнада од околу 5000 денари за своето ангажирање во обуката.