Стоби е на врвот на листата на светски антички локалитети
Античкиот локалитет Стоби е на врвот на листата на светски антички локалитети како по својата големина, така и по богатството на артефакти и градби што го отсликуваат животот на територијата на Македонија во античко време. Неговата идеална местоположба овозможува сите што го користат магистралниот пат Е 75 да го посетат.
Денес во работна посета на овој локалитет беше Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која заедна со Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и Директорката на НУ „Стоби” Силвана Блажевска направија увид и се запознаа со реализираните и тековни проекти на оваа национална установа.
Од нивна страна на влезот на Стоби беше отворена сувенирница за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал. Пуштањето во функција на овој е објект е дел од активностите за поголема презентација на културното и археолошко наследство што го нуди локалитетот и општините од Вардарскиот плански регион низ кои туристите поминуваат.