Голема посетеност на новиот парк пред училиштето Васил Главинов
Граѓаните на Велес се презадоволни од новоизградениот парк пред ООУ „Васил Главинов” Посетеноста на паркот е огромна во секој период од денот. Паркот располага со зелена површина од околу 5.000 м2, во чии рамки е изградена прекрасна фонтана, летниковци, патеки и други интересни содржини.
Паркот изобилува со преубаво сезонско цвеќе и зимзелени и листопадни садници кои на посетителите им овозможуваат убава глетка и пријатен престој. Со уредувањето на оваа зелена површина овој дел од градот доби сосема нов поубав лик, а Велешани добија уште едно место каде што можат да го поминуваат своето слободно време.