Одбележан денот на Армијата на Република Македонија

Со положување цвеќе на Спомен-костурницата и со свеченост во велешката касарна Алексо Демниевски-Бауман денеска беше одбележан 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Коствски, честитајќи им го празникот на старешините, војниците и вработените во АРМ, потенцираше дека македонската армија успешно ја спроведува својата цел да ја брани со љубов својата татковина но истовремено и да ги следи модерните текови и со тоа да овозможи трансформација на армијата.

 

Денешниот ден армијата го искористи и за доделување на поголем број унапредувања и стимулативни мерки за најуспешните припадници на АРМ кои имале најдобри резултати годинава и кои ги исполниле сите задачи.

Пред присутните за презентација беше поставен и дел од воениот арсенал кој е на располагање. Гостите одблиску ги видоа и се запознаа со перформанците на автоматската пушка, црна стрела, ракетните системи, оклопните возила и опремата за извидување.

Од страна на Командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Љупчо Костовски на ОО на Сојузот на Борци и ТППЕ од Велес им беа доделени благодарници за досегашната успешна соработка.