Нови законски прописи за такси превозниците

ImageПо донесувањето на измените и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со претставниците на такси превозниците на подрачјето на општината. На средбата на која присуствуваа и претставници на СВР Велес, Управата за јавни приходи и надлежните инспекциски органи беа разгледани новите законски услови за одвивање на такси превозот и беа усвоени повеќе заклучоци:

  • До 31 јануари 2007 година, Советот на Општина Велес треба да донесе Одлука за измена и дополнување на Одлуката за автотакси превоз со која ќе се ограничи бројот на такси возилата на подрачјето на општината.
  • Такси превозниците треба да достават предлог за оптимален број на такси возила на подрачјето на општината.
  • До овој рок сите превозници кои поднеле документи за лиценца треба да ја завршат процедурата.
  • Инспекцискиот надзор на терен континуирано ќе се врши и во овој период.

На средбата беше укажано на неопходноста од постојан контакт на легалните такси превозници со стручните служби во општината.