КОНЦЕРТ НА НИНО ВЕЛИЧКОВСКИ И КУМАНОВСКИ ТАМБУРАШИ
Со целовечерен концерт на Кумановскиот тамбурашки оркестар вчера стартуваше втората етапа на проектот Топол културен бран. Како меѓу свои луѓе, тамбурашите и Нино Величковски кој и самиот има потекло од Велес, им подарија на присутните граѓани прекрасна забавна вечер со своја интерпретација на неколку ора, свои песни, песни од соло-репертоарот на Нино Величковски, но и песни од тамбурашката класика на балканската музика. Во наредниот период во рамките на овој проект следуваат уште многу интересни културни настани кои на велешани ќе им приредат нови доживувања.