Отворено првенство на Македонија во кајак и кану „Велес – 2014”

На патеката Стар мост во Велес се одржа Oтвореното првенство на Македонија во кајак и кану „Велес - 2014”. Во дисциплината К-1 (Мажи), првото место го освои Љубомир Спасиќ (ККК „Гемиџии” Велес), втор заврши Борче Мирчевски (КК „Бабуна” Велес), додека третопласиран беше Атанас Николовски (КК „Илинден ‘90” Скопје). Во дисциплината Ц-1 (Мажи), првото место го освои Александар Дамјанов (КК „Бабуна” Велес), а втор патеката ја заврши Александар Златаров (КК „Илинден ‘90” Скопје).

 

На Отвореното првенство во Македонија „Велес - 2014“, учествуваа 40-тина натпреварувачи. Натпреварот во кајак беше под покровителство на Општина Велес, а во организација на Кајак клубот „Бабуна” од Велес.