ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ КОНСУЛТАНТ И ЛИДЕР ВО ИНОВАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ ОЛИВЕР КЕМПКЕНС

Светски познатиот консултант и лидер во иновативниот менаџмент Оливер Кемпкенс во текот на вчерашниот ден беше во посета на Велес при што оствари средба со градоначалникот Славчо Чадиев. Средбата со градоначалникот Чадиев беше искористена за размена на мислења и искуства околу високото образование кое подолг период функционира во градот, како и за можноста поголема промоција на Велес и инвестирање во неговиот економски развој. Г-динот Кемпкенс според Forbes и Fortune 500 е една од најмладите личности во светската бизнис елита, а во Македонија доаѓа на покана на Бизнис академија Смилевски, додека Велес во агендата е сместен заради интересот кој Кемпкенс го имал за нашиот град.