Донација од „Фруктал“ за велешките училишта
Во рамките на кампањата „Супер сок за супер спорт“ фирмата „Фруктал Мак АД Скопје донираше спортски реквизити (коашаркарски табли и топки) за велешките основни и средни училишта кои имаат спортски сали. Сертификатите за донацијата на директорите на основните и средните училишта им ги додели Воислав Стојановиќ, генерален директор на Студиото Маркетинг ЈВТ, претставник на „Фруктал Мак АД Скопје. Градоначалникот Аце Коцевски упати искрена благодарност за донацијата која како што рече можеби е мала за „Фруктал“, но многу значајна за училиштата и пред се за спортските активности на учениците.
Кампањата „Супер сок за супер спорт“ започна во август годинава, а спортските реквизити беа обезбедени со издвојување на средства од продажбата на соковите на „Фруктал“.