Концерт дуо пијано – Габриела Бачманова и Илија Настовски
Toплиот културен бран во Велес е на самата завршница. Како дел од сите уметнички доживувања беше и вчерашниот концетот на пијанистите Габриела Бачманова и Илија Настовски кои исполнија дела од Бах, Клементи, Бетовен, Хачатуријан, Дворжак, Григ и Пјацола. Годинешниот топол културен бран ќе биде затворен вечерва на сцената на Амфитеатарот во Младинскиот парк со концертот „Апасионато“ на гудачкиот квартет под раководство на Пламенка Трајковска.