Честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
Почитувани граѓани
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес дозволете ми на сите верници од православна вероисповед да им го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Ви посакувам празникот кој го слави денот денот на чудесното вознесување на највозвишениот лик меѓу човечкиот род, Мајката Божјa, и средбата со нејзиниот син Исус Христос, да го поминете во добро здравје, радост и среќа, опкружени од своите најблиски и исполнети со мир во душата.
Нека ни е честит и за многу години овој голем празник!
Со почит!
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес