ГРК „БОРЕЦ” ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ: ЗАСИЛЕНИ И ОСВЕЖЕНИ ВО НОВАТА РАКОМЕТНА СЕЗОНА
Градскиот ракометен клуб „Борец” интензивно се подготвува за новата ракометна сезона. Стручниот штаб на чело со тројцата тренери Зоран Виларов, Зоран Кочов и Игор Тодоровски ги финишираат активностите околу комплетирањето на тимот со кој ќе се влезе во борбата за највисок пласман во првата лига и обезбедување на место во супер лигата.
Натпреварувачкиот погон на ГРК „Борец” е значително реновиран. Ангажирани се повеќемина играчи кои на теренот ќе го донесат потребното искуство. Клубскиот дрес на Борец оваа сезона ќе го облечат Зоран Стојановски, Сашко Трчков и Мартин Гинов на позиција лево крило. Од бековските позиции, на противничкиот гол ќе атакуваат Златко Стојковски, Влатко Темелков, Ивица Лазаревски, Димитар Икономов, Даниел Петровски и Тасков Гоце. Позицијата пикер ќе им припадне на Љупчо Игнов, Александар Лазаревски и Пепи Цековски. Мрежата на ГРК „Борец” оваа сезона ќе биде чувана од искусните Душан Крстевски, Благој Меанџиев, Кире Димовски, Леон Лазаревски и Мартин Стојчев.
Новите играчи многу ќе значат за тимот. Тие, заедно со веќе постојаните, ќе влијаат на зацврстување на играта во одбрана, а се очекуваат и севкупно посигурни настапи, пред се на гостински терен. Напорите на управата на ГРК „Борец”, локалната самоуправа и сите вљубеници во ракометот за создавање на силен и квалитетен ракометен клуб ќе продолжат и во иднина. Целта е да се овозможи долгорочен развој на ракометот во Велес, спорт кој што во градот има долга традиција пренесувана со генерации. Формирањето на стабилна екипа која ќе игра значајна улога во домашниот спорт како и развој на младинската екипа ќе бидат едни од приоритети за функционирање во наредниот период.