Подобрено управувањето со општинската комунална депонија

 

По целосното оградување на депонијата за комунален, комерцијален и индустриски неопсен отпад, а согласно предвидените активности во Програмата за управување со отпад за 2014 година и насоките од Државниот инспекторат за животна средина, на излезот на депонијатата инсталиран е систем за перење на возилата кои го транспортираат и одложуваат отпадот на депонијата.

 

За таа цел поставена е цистерна за вода и агрегат, изградено е плато за перење на возилата со преливен таложник и со систем за одведување на отпадната вода до септичка јама. Со вака превземените активности ќе се спречи пренесување на загадувањето од депонијата на градските улици.

Заради превенција од палење на депонијата и справување со потенцијални хаварии, изработен е План за заштита и спасување од пожари на депонијата, со делегирани задачи и недлежности, кој е одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување, а со цел да се реагира навремено при појава на хаварии на депонијата.

Заради тоа што медицинските установи, вклучително и ЈЗУ Општа болница Велес и ЈЗУ Здравствен дом Велес, склучија договори со приватни оператори за постапување со медицинскиот отпад кои го создаваат, од март 2014 година на депонијата повеќе не се депонира медицински отпад, кој е опасен отпад и за чие управување не е надлежна ниту општината, ниту јавното комунално претпријатие. Со оваа активност е испочитувана уште една законска обврска од Законот за управување со отпадот.

Општина Велес и ЈКП „Дервен” посветено ќе работат на оваа проблематика која ги засега жителите и ќе продолжат да превземаат активности за подобрување на состојбата со управување со отпадот.