Одбележана 73-та годишнина од смртта на Коле Неделковски
Денес во Општина Велес на пригоден начин беше одбележан 2-ри септември, денот кога во 1941 година трагично го заврши својот живот младиот македонски поет и револуционер, Коле Неделковски. По повод одбележувањето на 73-та годишнина од неговата смрт, во ССОУ „Коле Неделковски”, училиштето што го носи неговото име, пред спомен обележјето на поетот беше положено свежо цвеќе, а ученици читаа стихови од објавените стихозбирки „Пеш по светот“ и „М' лскавици“.
Пригодно одбележување на настанот имаше и во спомен куќата на Коле Неделковски, во неговото родно село Војница. Свежо цвеќе беше положено и на спомен обележјето во село Отиштино, на местото каде на 2 септември 1944 година е формирана Осмата велешка НОУ Бригада.