Александар Мијак приказната за Велес ја пренесува во целиот свет
Несекојдневен настан кој ја одбележа ликовната уметност кој се случи во еден од најубавите хотели во светот Mohonk Mountain House во Њујорк, Соединетите Американски Држави, во кој на аукција се продаде дело на нашиот уметник Александар Јовановски Мијак. Средствата од делото заминаа во хуманитарни цели. Настанот беше проследен од сите медиуми вклучувајќи го и New York Times. (http://www.internationalwinemasters.com/events-tickets/)
Дополнително на оваа убава вест нашиот уметник Александар Мијак деновиве заминува за Соединетите Американски Држави каде ќе реализира две самостојни изложби во Њујорк и Њу Џерси-САД и со тоа по 4ти и 5ти пат културно ќе го презентира Велес и Република Македонија. (http://www.gallerymc.org/h/aleksandar-jovanovski-mijak/0
Во тој правец, денес на само еден ден пред патувањето за САД, Александар Мијак беше примен од страна на Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, кој на велешкиот уметник му посака многу среќа и успех на претстојните изложби. Велес е горд на овие наши сограѓани. Нивната промоција во светот во исто време е и промоција на Велес и Македонија.