Смотра на староградски македонски песни
Во чест на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија вечерва во салата „Бели Мугри” се одржа Смотра на староградски македонски песни. На овој традиционален концерт учество земаа ансамбли од Радовиш, Гевгелија, Валандово, Струмица и велешката група „Распеани велешани“. Посебно беше задоволството да се присуствува на овој празничен и несекојдневен настан во нашиот град.