Велес го празнува 23 роденден на Република Македонија

Во рамките на одбележувањата на 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија денес делегации на Општина Велес, АРМ, Сојузот на борци на НОАВМ Велес, институции, политички партии и граѓани од Велес, со положување на свежо цвеќе на Спомен-костурницата, почит им оддадоа на сите паднати борци за Македонија кои го остварија стремежот за слободна држава.

 

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, Македонија се изјасни за самостојност и независност.

8-ми Септември ги обединува во себе сите борби на граѓаните на Република Македонија за самобитност, државност и независност. Во него се вткаени Карпошовото и Кресненското востание, борбите на Ножот, Солунските атентати, двата Илиндена. 23 години независна Македонија е патот на оваа генерација граѓани кои имаат завет да ја чуваат независноста, слободата и суверенитетот на Република Македонија.