Нека ни е честит и вековит 8-ми септември
Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија. На овој ден, пред точно 23 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.
Денес Република Македонија мошне смело и успешно чекори по својот трасиран пат. Нам, на сите граѓани ни преостанува да продолжиме да работиме за просперитетна и сигурна иднина на нашите деца.
Сите заедно сплотени и обединети да ја возидигнеме Република Македонија во држава со кoja ќе се гордееме.
Нека ни е честит и вековит 8-ми септември.
Да жиее споменот на сите граѓани што дадоа придонес за осамостојувањето на Република Македонија.
Да живее Република Македонија!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес