Признанија за најдобрите во 2006 година

ImageПо повод новогодишните и Божиќните празници, на 28 декември 2006 година,  во големата сала на Општина Велес се одржа свеченост на која беа доделени признанија за најдобрите поединци во 2006 година. Во рамките на свеченоста, традиционално се обрати градоначалникот Аце Коцевски кој ги сублимираше резултатите постигнати во 2006 година. „Со прифаќањето на процесот на децентрализација како голема шанска, а не како бреме, Велес стана општина со најизградени човечки и технички ресурси во Македонија, општина без долгови и превработеност, со мала но високопрофесионална администрација“, рече меѓу другото Коцевски.

Во своето обраќање, градоначалникот ги посочи приоритетите на општината за 2007 година меѓу кои развојот на индустриските зони „Речани 2“ и „УЗУС“, привлекувањето на странски и домашни инвеститори, развојот на крајбрежниот појас на езерото Младост, искористување на  можноста за задолжување на општината за доизградба на кејот на реката Вардар и реализација на проект за енергетска ефикасност во училиштата со поддршка од УСАИД, отворање на дисперзирани студии од Електротехничкиот факултет, отворање на истурени канцеларии и бесплатни интернет точки на во Бузалково и Караслари, создавање соодветни услови за работа на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во зградата на поранешниот ЦДТ „Ѓоре Органџиев“, трансформација на јавните претпријарија „Дервен“ и „Парк спорт“, реализација на нови проекти во областа на културата и социјалната заштита, отворање на народна кујна во соработка со Повардарската Епархија и други приоритети кои навестија големи предизвици во 2007.

„И во 2007 година,Велес ќе живее со ритамот на Вашиот живот зошто Вие сте Велес и се она што Велес значи за Македонија и за светот“, рече Коцевски кој на граѓаните им ги честиташе новогодишните, Божиќните и Бајрамските празници.
 
Image

На свеченоста, Коцевски им додели признанија на најдобрите поединци за 2006 година:

  • Борче Ѓошевски - најдобар полицаец
  • Љупчо Лепидовски – најдобар пожарникар

и најдобрите државни службеници за 2006 година:

  • Костадин Настевски
  • Славица Переска
  • Јовче Митковски
  • Ангел Јанев
  • Сашко Ристовски
  • Александар Анастасовски
  • Нинослав Костовски и
  • Горан Чучуковски