Безбедноста во сообраќајот е прашање од огромна важност за секого
Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво продолжува да ги реализира најавените активности од акциониот план. Денешната активност се реализираше во соработка со СВР- Велес и Советот за безбедност во сообраќајот. Општинскиот совет за превенција врз основа на добиените податоци од надлежните институции во поглед на прекршоци сторени од малолетни лица констатираше дека најголем дел од нив се однесуваат на прекршоци во сообраќајот поради што денешните активности беа насочени во тој правец.
Целта беше, малолетните лица преку учество во сообраќајните патроли да почувствуваат како е да се биде на страната која го спроведува законот, но истовремено и да делуваат на своите врсници да ги почитуваат сообраќајните правила пред се за нивна лична безбедност, а потоа за општа безбедност во сообраќајот.
Со симболичното подарување на беџ со зелена боја и црвена боја за оние кои ги почитуваат и оние кои не ги почитуваат правилата, беше испратена порака за подигнување на општата јавна свест за одговорно и безбедно функционирање во сообраќајот.
Безбедноста во сообраќајот е прашање од огромна важност за секого и неопходност којашто постојано треба да се унапредува и актуелизира. Подигнувањето на свеста за низата одговорности на секој поединец во сообраќајот, е врвна задача исправена пред сите нас, која бара вклучување на сите релевантни фактори.