Одбележани 72 години од масакрот на Пуста Кула

Во организација на ОО на СБМ – Велес денес беше организирано одбележување на 72 годишнината од масакрот на Пуста Кула. Спомен обележјето покрај организаторите на настанот го посетија делегација од Општина Велес, АРМ, членови на семејствата на невините жртви и граѓани oд Велес. Сеќавање на овој немил настан од историјата на Велес изнесоа членови на боречката организација.

 

На 14 септември 1942 година во близина на селото Рудник кај месноста Пуста Кула, од страна на фашистичкиот окупатор без пресуда стрелани и масакрирани се седум припадници на Народно ослободителното движење. Од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и убиени Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од с. Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Амед Лојков од с. Иванковци.