Спектакуларен дочек на новата 2007 година

ImageВодени од желбата на граѓаните и позитивните искуства од минатата година, Општина Велес во соработка со Центарот за култура и уметност од Скопје и годинава организираше дочек на Новата година. Од сцената во Младинскиот парк со песна, најубави желби на Велешани им посакаа Маријана Мишева и оркестарот „Агушеви“. Посебна атракција за помладите генерации беше настапот на групата „Супер Хикс“ кои ја анимираа публиката и ја вжештија атмосферата.
 
 
2006 година беше испратена со спектакуларен огномет, а првата новогодишна честитка на велешани им ја упати градоначалникот Аце Коцевски кој на сите граѓани им посака добро здравје, љубов  и година исполнета со благосостојба и економски развој. И овојпат, со своето масовно присуство велешани потврдија дека заедничкиот дочек на Новата година е искуство што долго се памети.
 
Image
 
Image