Во Градскиот парк се гради нова вежбалница
Градскиот парк редовно се користи од спортисти и рекреативци од Велес. Со изградбата на втората вежбалница во Градскиот парк која се наоѓа во веднаш до игралиштето за одбојка на песок, ќе се исполнат барањата на голем број спортисти и млади луѓе кои овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време. Сите граѓани што имаат потреба да вежбаат ќе можат бесплатно во било кое време од денот да ги користат овие спортски реквизити за вежбање. На нив може да се вежба загревање, стомачни мускули, склекови. Основните услови се создадени така што во наредниот период спортистите и рекреативците нема да мора да вежбаат на земја или на импровизирани елементи. Ова е уште една потврда дека Oпштина Велес посветува големо внимание на сите видови спорт вклучувајќи ги како училишниот така и рекреативниот.