ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО ПРЕСТАПНИШТВО ВО ВЕЛЕС
Со цел да се споделат информациите, да се согледаат искуствата и се дадат насоки за понатамошна работа, денеска во Општина Велес се одржа работно информативна средба на Локалниот совет за превенција на детско престапништво со претставници од Советот за превенција на Република Македонија.
Детското престапништво и учеството на младите во асоцијалните случувања во 2013 година во однос на претходната година, според статистиката со која се располага, во Општина Велес е во пораст. Тоа е доволен индикатор за вклучување на црвеното светло кое треба да ги стави во акција сите одговорни субјекти заради сузбивање на оваа негативна појава, нејзино навремено детектирање и превенирање.
Во Локалниот совет за превенција на детското престапнишво членуваат стручни лица од надлежните државни и општински институции, кои согласно Акциониот план во соработка со родителите и училиштата потребно е да преземат заеднички активности за намалување и сузбивање на оваа негативна појава.