MАРКАРД МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО СТАРТУВА СО РАБОТА ВО ВЕЛЕС
Со денешната прес конфенреција, германската компанија „Маркард“ и официјално го најави почетокот на својата работа во индустриската зона Караслари. На прес конефернцијата, д-р Харолд Маркард, генерален менаџер на компанијата и Волфганг Ајхер, генерален менаџер на „Маркард“ Македонија јавно ги претставија плановите за реализација на инвестицијата во Велес.
Од нивна страна беше истакнатпо дека процесот на вработување во германската компанија Маркард во Велес веќе започна. Посебен „Ден за вработување“ ќе се одржи на 4-ти октовмри во Велес, каде што секој оној кој што е заинтересиран ќе има можност да добие повеќе информации за плановите и намерите на новиот германски инвеститор.
-„Бараме квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места, кои сакаат заедно да го градат и развиваат напиот објект во технолошки софистициран производествен погон. Убедени сме дека можеме да најдеме вакви луѓе во Македонија и дека заедно со нив можеме да отвориме ново поглавје во успешната приказна на нашата компанија, која трае веќе речиси 90 години.” - истакна генералниот дректор на компанијата Маркард.
На средбата со новинарите задоволство од инвестицијата изрази Градоначалникот на Велес, м-р Славчо Чадиев.
„Ова е историски ден за Велес. После неколку децении, граѓаните на Велес ја дочекаа првата поголема странска инвестиција што ќе внесе нов живот во некогашниот македонски индустриски центар. Уредувањето на индустриската зона Караслари беше вистинскиот потег. Денес заедно сведочиме за резулатите. Од денес и официјално Велес е домаќин на Маркард груп - една од најреномираните европски компании во светот на автомобилската индустрија. Граѓаните на Велес и регионот кои својата егзистенција ќе ја најдат во оваа компанија ќе се придружат на семејството од над 7000 работници на Маркард груп во 13 земји во Европа и светот.“ - рече Градоначалникот Чадиев.
Инвестицијата на Маркард е првата поголема инвестиција во секторот на автомобилската индустрија. Неодамна бвеа објавени првите огласи за вработување, а велешани и граѓаните од регионот деновиве ги очекуваат и најавените огласи за ангажирање на работници во производствениот процес. Се очекува инвестицијата да придонесе многу за развојот на локалната економија на Велес.