Помош за децата без родителска грижа
Општина Велес, согласно Програмата за социјална заштита и оваа година обезбеди помош за деца без родителска грижа во општината. На почетокот на учебната година ја продолжуваме добрата практика да обезбедиме помош и да пружиме радост на децата без родители и родителска грижа. Според евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа 28 деца од Велес се со статус на деца без родителска грижа, под старателство или растат во згрижувачки семејства.
Поделени во три возрасни групи, 9 од нив се деца од I – IV оделение, 10 се ученици од V – VIII оделение и 9 се средношколци. Општина Велес – Општина по мерка на детето се труди да ги опфати сите ранливи групи, и да создава услови за среќно и безгрижно детство на најмладите во локалната заедница. Заради потполна дискреција на корисниците, од јавност предвидените средства од 1.700 денари по корисник ги предадовме на Центарот за социјална работа.