Tрадиционален Божиќен концерт
Убавите желби преточени во незаборавна музика
Младите таленти виолинистите Фросина Богдановска, Александра Мирсинова и Билјана Јуловска и пијанистите Андријана Димнитриевска, Верица Шотаровска и Илија Настевски на велешани им приредија незаборавно музичко искуство на традиционалниот Божиќен Концерт. Прекрасната Божиќна Вечер започна со Божиќната лирика што во интерпретација на Елена Чичевска навести вечер за паметење.
Во преполниот Ликовен Салон, со изведбата на дела од Брамс, Шопен, Прокофјев, Барток, Блох-Нигун и Албемиц , младите уметници потврдија дека прераснуваат во вистински музички амбасадори на Велес што светот допрва ќе ги открие.
Божиќната вечер во Ликовниот салон беше ретка можност велешани да уживаат во неприкосновената убавина на класичната музика во амбиент кој ги надополни впечатоците.
Незаборавот што ни го подарија младите велешки таленти, го потврди признакот на традиционалното доживување на овој препознатлив културен настан.
Незаборавот што ни го подарија младите велешки таленти, го потврди признакот на традиционалното доживување на овој препознатлив културен настан.