Центарот за развој на ВПР ќе реализира два проекта со УНДП
Вчера (23.09.2014) во организација на Вардарскиот плански регион се одржа свеченост на која беа презентирани проектите ,,Дизајн и спроведување на кампања за вработување на 5 најстуденти од регионот во претпријатија во регионот” и ,,Креирање на електронски портал за млади во Вардарски плански регион”, по што следеше и потпишување на договор за нивна имплементација. Средбата беше искористена од страна на донаторот УНДП да се изврши и презентација на начинот на подготовка на проектите за аплицирање пред ЕУ фондовите и другите инвестицискли фондови. Презентацијата ја одржа г-ѓа Јана Трост, Регионален советник на УНДП за пристап до фондовите на Европската унија.