“Зелениот Еди”- школа за водачи на патроли

ImageИзвидничкиот одред Димитар Влахов од Велес  по десети пат ја организира традиционалната школа за водачи на патроли “Зелениот Еди”. Школата е од меѓународен карактер и се организира во извидничкиот центар Голозинци во периодот од 11 до 16 јануари  2006.  На Школата учествуваат дваесет и пед извидници од Македонија и Србија (Велес, Скопје, Куманово, Св.Николе, Крива Паланка и Белград).
 
Извидниците учесници на оваа меѓународна школа   се едуцираат во областа на раководењето со извидничката патрола како најмала функционална единица во извидништвото. Покрај ова следат теми од педагогијата, психологијата за работа со деца, планирање, проектни активности, традиционално извидништво,  мировно образование, живот во природа и духовност.
 
Image 
 
„И оваа година која што е многу значајна за светскиот скаутизам, ние велешката извидничка организација како најстара организација во Македонија, докажуваме дека во изминатите 55 години сме најквалитетната организација која работи  на едукација на младите, а со тоа го промовираме и неформалното образование кое е тренд во светот“,  изјави началникот на ИО Димитар Влахов од Велес, Златко Ристов.

Во 2007 година се прославуваат 100 години од  формирањето на Светската организација на скаутското движење и 10 години од приемот на Сојузот на извидници на Македонија во светската организација.