ВЕЛЕС СЕ ВКЛУЧУВА ВО ТРКАТА НА МИРОТ
Општина Велес утре (Четврток, 02.10.2014) ќе биде дел од „Трката за Мир” – глобална штафета со факел чија цел е да го промовира меѓународниот мир, единството, пријателството и разбирањето. Подавајќи го факелот од рака на рака, трката поминува низ многу држави на различни континенти и на тој начин поврзува мнозина училишта, организации, градови и луѓе од различни националности и култури насекаде во светот.
Во Велес факелот на мирот ќе влезе најпрво кај манастирот Св. Димитрија во 13.30 часот, а потоа преку Долни дуќани, Стар мост, Градскиот саат и споменикот на Кочо Рацин „миротворците” ќе стигнат до центарот на градот.
Во трката на мирот учествуваат спортисти и рекреативци, млади и стари, сите оние што сакаат да го носат факелот неколку чекори или, неколку километри како дел од заедничките напори да се создаде добра волја меѓу луѓето без разлика на различностите.
Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев на оваа глобална манифестација која допре до милиони луѓе во светот и даваат максимална поддршка со единствена за изградба на подобра и
посветла иднина на сите нас.
По Велес, „Трката за Мир” ќе се упати кон излезот на градот од каде ентузијастите ќе го продолжат својот пат кон Општина Илинден.