Oтворен 12-тиот Меѓународен салон на стрип

Во Ликовниот салон во Велес вчера свечено беше отворен 12-тиот јубилеен Меѓународен салон на стрип. На свеченоста беа доделени наградите по распишаниот конкурс за стрип „Велес 2014“. Годишното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ го доби книжарницата „Бункер“ од Скопје, додека специјалното признание за развој на стрипот во светот му припадна на Ервин Рустемагиќ од Словенија. За победник на овогодинешниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ е избран Саша Арсениќ од Србија.

 

На 12-тиот Интернационален салон на стрип сите заинтересирани ќе имаат можност да го погледнат богатството од дела на автори од целиот свет. Ова покажува дека јазикот на стрипот е универзален и не познава граници. Бројките покажуваат дека Салонот на стрип созрева, расте и добива во квалитет и реноме. Денес Велес е еден од ретките градови каде стрип уметноста доживува вистинска регенерација, а стрип уметниците се чувствуваат како дома.

Стрип салонот „Велес 2014“ повеќемина гости од неколку европски држави и стрип работилници, стрип берзи и стрип разговори ќе трае до Недела, кога и официјално ќе биде затворен.