Интензивни активности во сферата на образованието

ImageВо интерес на подобрувањето на условите за настава во основните и средните училишта, претставници на Одделението за образование при Општина Велес остварија средба со директорите на општинските основни и средни училишта. На средбите на кои присуствуваа и претставници на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат беа разгледани состојбите со снабденоста со нафта во училиштата и обрските за обезбедување на превоз за учениците.
 
Учесниците на средбите внимание посветија и на тековните и планираните санациони зафати во училиштата, особено во Општинското основно училиште „Благој Кирков“ со кои ќе се обезбедат соодветни услови за одвивање на наставата и ќе се исполнат условите за реализација на втората фаза од Концептот за развој на образованието во општина Велес. Особено внимание учесниците посветија на почетокот на реализацијата на анкета за пристапноста на информатичката технологија до учениците што всушност е првата фаза од реализацијата на проектот за креирање на општинскиот образовен портал. Во интерес на подобрувањето на квалитетот на образованието и продлабочувањето на соработката, на средбите е утврдена временска рамка за одржување на редовни работни средби.