Богојавление Водици
Со традиционално фрлање на светиот крст во водите на Вардар, православните христијани денеска го прославија големиот празник Богојавление Водици. Пред многубројните граѓани кои го проследија настанот, крстот во водите на Вардар го фрли Митрополитот на Повардарската Епархија, господин Агатангел. Годинава до светиот крст во водите на Вардар се обидоа да дојдат 43-ца граѓани на Велес, а најсреќен беше 24 годишниот Љупчо Атанасов кој доби пригодни подароци..
Празникот беше прославен насекаде низ Македонија пренесувајќи го духот на еден од најзначајните моменти во христијанството, крштевањето на Исус Христос од Јован Крстител во водите на светата река Јордан.
На сите граѓани православни христијани, Општина Велес им го честита големиот празник Богојавление Водици и им посакува здравје, среќа и меѓусебна љубов и разбирање.
На сите граѓани православни христијани, Општина Велес им го честита големиот празник Богојавление Водици и им посакува здравје, среќа и меѓусебна љубов и разбирање.