Нова вежбалница во близина на велешката касарна

Во близина на велешката касарна се гради нова вежбалница, трета од овој тип. Со нејзината изградба, ќе се исполнат барањата на голем број спортисти и млади луѓе од овој дел на градот кои токму овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време. Сите граѓани што имаат потреба да вежбаат ќе можат бесплатно во било кое време од денот да ги користат овие спортски реквизити. Исто така на кошаркарското игралиште кое се наоѓа во близина на вежбалница, неодамна се изврши и реконструкција на кошевите и поставување на нови табли. Ваквите напори и вложувања се уште еден доказ дека Oпштина Велес посветува големо внимание на сите видови спорт вклучувајќи ги како училишниот така и рекреативниот.