Асфалтирана е една од најфрекфентните улици во с. Бузалково
Во село Бузалково викендов завршија градежните работи за асфалтирање на 170 метри од улицата која минува низ селото и води до с. Сливник и с. Р’левци. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес беше во посета на ова велешко село каде заедно со жителите направи обиколка и увид на завршената работа. Од негова страна беше истакнато дека е задоволен изведбата на градежните активности, со што се решава долгогодишниот проблем на овој дел од патот каде секојдневно минуваат жителите од селата Бузалково, Сливник и Р’левци. Средствата за уредувањето на овој дел од улицата во висина од околу 700.000 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес.