Покана за Јавна расправа (25.01.2007г. - четврток)

Почитувани, Велес е прва општина во Република Македонија која ја започна постапката за издавање на Дозволи за усогласување со оперативен план на постоечките производни капацитети. До Градоначалникот на Општина Велес доставени се барања од "ДИМКО МИТРЕВ" АД и "БРАКО" ДОО за добивање на Дозвола за усогласување со оперативен план.

Учеството на јавноста во процесот на издавање на дозволата носи бројни придобивки за животната средина, инвеститорот и граѓаните.

Согласно член 136 од Законот за животна средина и Законот за слободен пристап до информации, севкупната документација содржана во барањето, предлог-оперативниот план и активностите кои ќе бидат спроведени за заштита и унапредување на животната средина ќе биде презентирана на јавна расправа, која ќе се одржи на 25.01.2007г. (четврток) во Општина Велес, со почеток во 10.00 часот.

ДНЕВЕН РЕД:

10.00 -10.15 Воведно обраќање - Општина Велес
10.15-10.45  Презентација на барањето и предлог-оперативниот план на БРАКО ДОО увоз-извоз Велес
- Зоран Јаневски – раководител за животна средина во Брако;
- Петар Стојанов – експерт за ИСКЗ.
10.45-11.15  Презентација на барањето и предлог-оперативниот план на ДИМКО МИТРЕВ АД увоз извоз Велес
- Љубомир Богоевски – технички директор во Димко Митрев;
- Бошко Ников – експерт за ИСКЗ.
11.20-12.00  Дискусија

Општина Велес Ве поканува на јавната расправа на која ќе можете да ги искажете Вашите ставови, да поставите прашања и да дадете забелешки.