Борба против корупцијата
„Неопходни се анализи, утврдување на потенцијални критични точки и воспоставување на внатрешни механизми за контрола за да се овозможи превенција на корупцијата во вистинска смисла на зборот “. Ова меѓу другото беше речено на работната средба на градоначалникот Аце Коцевски со Доналд Боусер и Зоран Јачев, експерти за антикорупција и Фатмир Муса, менаџер на проектот „Борба против корупцијата за подобро управување“ на Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП. На состанокот беше укажано на потребата за утврдување на ефективни инструменти за мерење на корупцијата на локално ниво.
Во рамките на проектот на Програмата за развој на Обединетите Нации ќе биде креирана методологија за мерење на корупцијата на локално ниво. Општина Велес веќе подготви предлог Акционен план за борба против корупцијата, а една од најзначајните цели на овој план е креирањето и имплементацијата на Локална стратегија за борба против корупцијата. Се очекува во периодот што следи во Општина Велес да се реализираат низа активности на планот на борбата против корупцијата. Во рамките на посетата на Велес, експертскиот тим оствари средби и со претставниците на бизнис секторот, медиумите и невладиниот сектор.