Обука за Локална самоуправа, нејзината структура и надлежности

На 28.11.2014 година во Општина Велес се одржа Обука за Локална самоуправа чија цел беше запознавање на присутните како членови на повеќе здруженија на граѓани во кои членуваат младите, како и претставници од средните општински училишта, со работењето на општината, нејзината структурна поставеност и надлежности. Потребата за оваа презентација тргнува од фактот дека, Општината е клучна институција на локално ниво за спроведување на политики и како таква треба да е клучен партнер на младите во заедницата.

 

На обуката беа идентификувани одредени точки кои што се од заеднички интерес помеѓу младите и Општината, и каква цел би имало формирањето на зедничко тело како Локален Младински Совет.

Понатаму се водеше разговор за улогата на ЛМС во планирањето и имплементацијата на активностите на младите како и нивно вклучување во клучните сектори од општината што влијаат на младите.

Инаку, работилницата за запознавање со општинските служби во локалната самоуправа ја организира Младинскиот Образовен Форум. Таа е дел од проектот „Развој на младински локални политики“. Се реализира во 12 општини а се финансира со пари од Евопската Унија.