Предавање за борба против СИДА во основните и средните училиштa
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА денес од ООУ „Св. Кирил и Методиј” започнаа серијата на предавања кои имаат за цел широка едукација и зголемување на свеста кај младата популација за ризиците и опасноститет од ХИВ/СИДА и сексуално преносливите болести како и превенција од истите.
Предавањата се одржуваат во рамки на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита за 2014 година, а предавачите се ангажирани од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Со предавањата се опфатени учениците од VIII и IX одделение во основните училишта и сите ученици од средните училишта.